
Животот е убав, родендените уште поубави!
Посебно кога се слави првиот роденден – како што го правиме тоа оваа година за салонот во Куманово.
Сакајќи да поминеме незаборавни моменти сите заедно, ја честиме цела Македонија со одлични попусти од 40 % на дневните соби (а таму е секогаш главната журка со најблиските дома, нели?).
Но дополнително, овој пат во име на славеничкиот салон направивме и посебно изненадување – го поканивме најдобриот македонски шеф Марк де Јонг да ги покаже своите кулинарски способности, радувајќи нѐ сите со своите неодоливи закуски!
Дојдете на добра забава и одлични понуди од 11 до 15 часот, оваа сабота (20.5.2023 год.) во салонот на Прима во Куманово на ул. 7 бр. 16 – Индустриска зона – во склопот на Алфи Техноцентар. Ве очекуваме!