Нова понуда во Прима: Бањи за уживање

Бањите долго време беа заборавени, мали простории низ кои само поминуваме набрзина. Но последниве години, кога секојдневниот живот нѐ принуди повеќе време да остануваме меѓу четири ѕида, станавме посвесни за просторот во кој живееме и неговите ограничувања.

Почувствувавме потреба од  промени со кои бањите ќе се прилагодат на нашите нови навики и желби зашто во меѓувреме, стиловите и трендовите се променија.

Дури 43 % од луѓето велат дека се релаксираат во бањата и ја сметаат за единствено место каде што имаат време за себе, а 39 % од испитаниците се повлекуваат во тоалетот кога сакаат да размислуваат во мир и тишина. Ова се податоците од неодамнешното истражување на 2 500 луѓе, кое откри дека во текот на животот поминуваме вкупно година и пол во бањата. Во исто време, жените поминуваат еден месец подолго во бањата од мажите и можеби токму тоа е причината зошто жените живеат подолго од мажите - затоа што го открија шармот и придобивките од модерните бањи со спа-ефект.

Започна ерата на грижа за себе, фокусирана на релаксација, детоксикација и подобрување на самодовербата, со што бањите станаа важен дел од домот.

Прима ги препозна потребите на своите клиенти и затоа понудивме нешто ново во нашата понуда. Веќе погодувате – се работи за програмата за бањи. Ви претставуваме седум нови програми за мебел за бањи кои совршено ќе се вклопат во секој дом и ќе ве поттикнат почесто да уживате во вашите ритуали за нега и релаксација.

 

 

Посебните годови и бои на декорираната иверка Онтарио со кој е направен моделот Миконос, во вашата бања за миг ќе направи атмосфера на топла сауна, а Инди, програмата со модерни висечки елементи со поцинкувана метална конструкција и пластифицирана со црна мат боја и мноштво отворени полици, на вашата бања ќе ѝ даде призвук на индустриски стил.

 

 

 

Наскоро во понудата ќе може да се пронајде и програмата Крета којашто ја карактеризираат безвременскиот дизајн и ненаметливите бои, како и Парос, кој поради големите димензии е идеален за поголемите семејства, во чии бањи секогаш има гужва. Тука е и Санторини, специфичен по своите заоблени линии на мебелот, како и атрактивните огледала со можност за зголемување.  

 

 

-Бањите еволуираа и станаа значително поимпресивни простории во нашите домови. Тие добија луксузна трансформација, а нашите програми за бањи се најдобриот одговор на таа појава - рече Миа Задро, продукт-дизајнерка во Одделението за развој на производи на Прима Групата.

Сѐ повеќе се користат отпорни и мазни материјали како што се металот или иверката со декор на даб и други бои, кои лесно се одржуваат и долго траат. Истото тоа се однесува и за линиите на дизајнот кои станаа полинеарни и поедноставни, односно ненаметливи. Повеќе мислиме на естетиката и атмосферата, па затоа преферираме помеки ткаенини нежни на допир и неутрални бои на површината во комбинација со поголема доза на природна светлина кои создаваат удобна и спокојна атмосфера.

 

 

Престојот во таква атмосфера ја враќа изгубената енергија и ја поттикнува инспирацијата, што е голема придобивка за оние кои се заглавени во секојдневната рутина.

- Без разлика на естетиката на вашиот дизајн, за да го максимизирате релаксирачкиот спа-ефект, неопходен е минималистички пристап при декорацијата на бањата. Затоа е секогаш паметно да се избере мебел со неколку полици и длабоки фиоки кои ќе можат да ги сокријат сите ситници – советува Миа.    

Затоа, при изборот на мебел и украси, па дури и за мали простории од домот како што е бањата, размислете колку е важен овој дел од домот. Тоа може да биде простор за вас, каде што можете да бидете сами, да се оддалечите од сѐ, да се одморите и да се ставите себеси на прво место, да се грижите и да се сакате себеси. Што и да ви кажат другите, не заборавајте дека не е себично да ги ставите сопствените потреби над оние на другите бидејќи вистината е дека ќе можете да бидете тука за другите само ако прво се грижите за себе и за вашиот внатрешен мир.

 

 

Затоа, застанете! Подгответе си купка, запалете миризлива свеќа и ставете хранлива маска на косата или пробајте нов крем за лице. Опуштете се и ставете се себеси на прво место во вашиот личен зен простор.

Доколку сакате да уживате во бања со спа-ефект, тогаш бањите на  Прима се природен избор за вас.

Покрај висококвалитетната и модерна програма за мебел за бањи на Прима изработена од специјално одбрани природни материјали, со цел целосно да ја опремите вашата бања во салоните на Прима, побарајте ги и соодветните чешми за вода и мијалници што може да се купат одделно.

Уверете се во релаксирачкиот луксуз на бањите на Прима и посетете го најблискиот салон на Прима каде што ќе ве пречекаат продажни советници кои ќе ви помогнат да изберете мебел и декорации прилагодени на стилот на вашиот дом. Инспирација за уредување на домот можете да ја најдете во најновиот леток и на официјалните профили на Прима на Фејсбук, Инстаграм, ТикТок и Пинтерест.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет