Нова колекција столици според Ваш вкус и стил

Трпезариски столици на Прима

Ја користиме трпезаријата секој ден - како простор каде подготвуваме храна и уживаме во оброкот, се дружиме со семејството и пријателите, а понекогаш и работиме. Овој дел од домот се смета за омилено место за собирање и центар на сите убави моменти, незаборавни спомени и семејни прослави. Денот го започнуваме и завршуваме со трпезаријата - затоа е исклучително важно да изберете квалитетен комплет маси и столови на кои ќе им верувате долгорочно.

Кога опремувате ентериер за јадење, каде што во просторот доминираат масата и столовите, потребно е да се избере удобно и практично решение што ќе ја рефлектира личноста на домаќинот.

За да ви го олесниме изборот, дизајниравме состави на столици во кои можете да изберете комбинации што најдобро одговараат на вашиот простор, желби и стил.

Трпезарики столици Мондо, Виво, Лаго

Составот на столици „Мондо“, „Виво“ и „Лаго“ е наменет за клиенти кои сакаат својата трпезарија да ја освежат со модерни и впечатливи парчиња мебел. Покрај формата на седиштето по кое се именуваат столчињата, клиентот може да избере и помеѓу два квалитети на седење - покрај вообичаеното седиште направено од комбинација на сунѓери, ние нудиме и седиште со џебно јадро.

Квалитет на седење на трпезариските столици на Прима

Новина во мебелот за трпезарии е употребата на џебно јадро на седиштата на столици, кое до неодамна беше резервирано само за кревети и удобни комплети дневни соби. Ова јадро се состои од опруги со помал дијаметар кои се облечени во „џебови“ од текстил. Џебните ткаенини се меѓусебно поврзани, а опругите во нив се поставени слободно, што овозможува независна реакција и исклучителна флексибилност.

Столица од Прима Лаго и маса Верто

За клиентите кои претпочитаат мекост на сунѓерот на седиштето, ние исто така дизајниравме решение што комбинира два слоја со различна густина на ладно-лиена HR пена, за исклучителна удобност додека седите. Оваа висококвалитетна пена има еластични својства и рамномерно ја дистрибуира тежината на лицето по целата површина на седиштето.

Откако ќе изберете форма и квалитет на седиштето, фотелјата или столот со или без потпирачи за раце, следниот чекор е да изберете ногалки. Ногалките на столовите можат да бидат црн метал во форма на тенка цевка или рамен профил, или изработени од цврсто дрво во разни завршни обработки - избелен даб лак и црна или бела лакирана бука. Важно е да изберете ногалки што одговараат на стилот и бојата на ногалките на масата.

Последниот чекор е да изберете ткаенина на седиштето! Избравме за вас три различни ткаенини во неколку бои, во согласност со најновите трендови во дизајнот на ентериерот. 

Ако изберете ткаенина со акцентна боја (на пример, сина, портокалова или зелена), создадете хармонично искуство на просторот за трпезарија со украси од COCO maison во иста боја.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет