КУЈНА ОД СОН ПО МЕРКА НА ВАШИОТ ДОМ

Позната како „срцето на домот“, кујната е просторија во која им се навраќаме на носталгичните вкусови или експериментираме со нови рецепти, создаваме спомени и се дружиме со саканите.

Освен што треба да има свој сопствен стил, кујната истовремено мора да одговара со естетиката на целиот дом. Во последно време, таа стана дел од таканаречениот „отворен простор“ и токму затоа е важно да се поврзе со трпезаријата и дневната соба преку стилот, боите и материјалите. Истовремено треба да се прилагоди и на вашите потреби и навики при готвењето, како и на движењето покрај елементите при готвењето.

Без оглед на тоа во кој период од животот се наоѓате, се покажува дека на сите наши клиенти им е важно да инвестираат во кујна која ќе биде квалитетна, но и која ќе го поседува оној уау-фактор/изненадувачки фактор/, па заедно со естетиката ќе биде и функционална и лесна за одржување. Во нашата понуда ви нудиме широк спектар персонализирани решенија кои ќе се прилагодат на секоја квадратура и буџет.

ПРИМА кујни по мерка

Кујните по мерка коишто можете да ги најдете во салоните на ПРИМА и веб-продавниците?? не само што се истакнуваат со дизајнот, туку имаат и разновидни функционални решенија и можат да им одговорат на сите желби на купувачите. Во широката понуда во нашите салони можете да најдете кујни во различни стилови – од оние со модерни минималистички линии, па сѐ до кујни во ретростил кои се секогаш во склад со трендовите на пазарот.

Најважната одлика на кујните по мерка на ПРИМА е нивната можност да се прилагодат на секој простор. Кујната што се креира во нашите салони е индивидуален проект и целосно е замислена за секој купец поединечно.

Најквалитетните материјали обезбедуваат врвен квалитет и создаваат естетски привлечна кујна која ќе го создаде центарот на секој дом. Со повеќе од 200 елементи во понудата, овозможуваме искористување на секој сантиметар од просторот и обезбедуваме уживање во кујна која во целост одговара на сите ваши желби.

Како до кујна по мерка?

Нашите услуги во потполност ви се прилагодени вам, на вашите желби како и на просторот со кој располагате. Целиот процес започнува токму во вашиот дом. За да добиете бесплатно мерење, доволно е да се јавите во најблискиот салон и да договорите термин што вам ви одговара. Нашите консултанти за продажба ќе дојдат кај вас за да можат прецизно да го измерат просторот наменет за кујната.

Според мерките на просторот и вашите желби и потреби, нашите стручни советници ќе ви дадат бесплатна услуга 3Д-просторно планирање на кујната од вашите соништа. Со овие едноставни чекори и со помош на стручните совети на нашите консултанти кои ќе ве поддржуваат во текот на целиот процес и вие самите станувате дизајнер на вашиот ентериер.

По производството на кујните во погоните на Прима и по нивната достава и монтажа, во вашиот дом ќе се создаде место за собирање, создавање нови спомени и испробување на нови вкусови.

Доколку сакате да ја надополните кујната со декорации со кои таа ќе блесне во целиот свој сјај, погледнете ја колекцијата на Coco maison со кој ќе ставите холандски потпис на кујната од хрватско производство и стилски ќе ја обликувате со остатокот од домот.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет