Искусете ја ренесансата на луксузот и откријте ја гарнитурата создадена за вашиот животен стил

Раскош, софистицираност, инвестиција за иднината, за наследството, врвен и престижен бренд - луксузот е комплициран термин кој секој различно го дефинира. Цела низа описи и асоцијации. За некои луксузот е показател на индивидуалноста и елеганцијата, за други дава можност за истакнување, а за трети претставува цел. Според тоа, луксузниот мебел е модерен, естетски привлечен, извонредно дизајниран, квалитетно изработен и ви овозможува незаборавно искуство. Тој е интелиентен, безвременски и во основа делува како вистинско уметничко дело.

 

 

Ренесанса на луксузот

Прима претставува четири нови гарнитури од премиум колекцијата – Тесла, Моналиса, Даунтаун и Феникс - вистински уметнички дела:

 

Гламурозен италијански стил

Ние веруваме дека создавањето кралство во вашиот дом со помош на безвременски луксузен мебел е знак за добар вкус, престиж и внимателна инвестиција во квалитетот. Овој пристап на внесување елементи на луксуз во домот ја доживува својата ренесанса чиј неисцрпен извор на инспирација е гламурозниот италијански стил. Како што величествената ренесанса, која беше пресвртница во историјата, во 15. век се рашири низ Европа од Фиренца, така Италија и денес е упориште на повторното оживување на софистицираноста која владее во моментов.

 

 

За да ја внесете оваа моќна атмосфера во вашиот дом, Прима ви претставува нови, беспрекорно елегантни и бескомпромисно удобни софи кои ќе ве воодушеват на прв поглед, а кога ќе ја откриете нивната удобност - ќе се заљубите во нив. Но најпрво, најдобро ќе биде да ги запознаете:

 

Модуларна гарнитура Тесла

Тесла има елегантна, исклучително модерна силуета со благо закосени потпирачи за раце кои се поврзани со атрактивно издолжени нозе, што додава елемент на елеганција во дизајнот. Оваа гарнитура е многу флексибилна благодарение на напредната технологија за совршено позиционирање создадена за личното искуство на удобност.

 

 

Модуларна гарнитура Моналиса

Овој гламурозен тросед е вистинско ремек-дело, исто како и најпознатата слика на ренесансниот виртуоз Да Винчи. Облагородена е со механизам кој го продлабочува просторот за седење што ја прави вистинска инспирација за релаксација во безгрижна идила.

 

 

Модуларна гарнитура Даунтаун

Даунтаун ќе се вклопи во секој ентериер, и исто како и кај другите  гарнитури. Секој негов бод и секоја кривина се рачно изработени со страст да се создаде совршена рамнотежа помеѓу дизајнот и удобноста. Најквалитетните материјали, маестралната изработка и вниманието на најситните детали придонесуваат за леснотија и извонредна удобност.

 

 

Модуларна гарнитура Феникс

Модуларната гарнитура Феникс со нејзината функција за релаксирање е вистинско решение за опуштање на телото и умот по напорниот ден. Гарнитура скроена е за уживање во убавината на малите слатки ритуали на задоволството.

 

 

Современ елегантен дизајн

Докажаниот квалитет, врвната изработка и современиот дизајн се основата на овие модуларни гарнитури, кои нудат речиси безброј можности за комбинирање, гарантирајќи дека ќе најдете опција која совршено ќе се вклопи во вашиот дом. Достапни се во широк асортиман од над 100 бои и различни видови еластични ткаенини или вистинска италијанска кожа, со конструкцијата од цврсто дрво  која гарантира сигурност. Благодарение на напредната технологија за совршено позиционирање, подвижните потпирачи за глава и потпирачи за раце, гарнитурите ги задоволуваат сите ваши желби и ви овозможуваат да се одморите според вашите потреби.

 

 

Вашиот животен стил

Некои велат дека кујната е срцето на домот, но има и такви кои тврдат дека тоа е софата. И не грешат, бидејќи префинетите комплети ќе ве поттикнат кралски да уживате во секој момент што и да правите. Дружење со саканите, опуштање со филм, забави полни со смеа, одмор од секојдневието - расположението е начин на живот. Вашиот животен стил. Бидете слободни да живеете како што сакате. Веруваме дека никогаш не треба да го жртвувате луксузниот дизајн за сметка на удобноста, па затоа ве каниме да откриете софа направена само за вас и вашиот начин на уживање во секој момент.

 

 

Испробајте го квалитетот на нашата нова колекција на премиум гарнитури во салоните на Прима.

Цените на сите гарнитури можете да ги дознаете во сите салони на Прима.

 

 

Луксузот нека стане ваш начин на живот.

Советниците за продажба во салоните на Прима ќе ви помогнат при изборот на мебел и декорација по мерка и стил на вашиот дом. Инспирација за уредување на домот можете да најдете и на нашите социјални мрежи како: Facebook и Instagram.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет