Холандска атмосфера на спалната соба со хрватски потпис

Брзото темпо на денешницата носи многу стрес и се повеќе ја нагласува потребата одморот, без оглед на неговото времетраење, да биде квалитетен. За добар одмор, многу е важно да имате спална соба која претставува место на сигурност и мир.

Во спалната соба поминуваме скоро една четвртина од нашите животи, па затоа се препорачува најинтимниот дел од вашиот дом да биде направен според вашите желби, потреби и вкус, се со цел потполно да се опуштите и да ги наполните батериите. Оваа просторија, прилагодена на индивидуалните навики и желби, треба да обезбеди супериорен комфор, топла атмосфера, сигурност и мир.

Поради важност од водење грижа за сопственото здравје како и подигнување на свеста за вложување токму во овој дел од домот, создадовме широка понуда за опремување на спални соба и програма за спиење за квалитетен и мирен сон од сопствено производство. Без оглед на тоа каков е вашиот стил за уредување или пак која  цврстина на душеци ја преферирате, нашиот асортиман ќе ги задоволи сите ваши желби и потреби, затоа што негуваме индивидуален пристап кон избор на секој елемент за спална соба.

Според вашите навики за спиење, многу е важен е изборот на кревет, а тоа подразбира правилна комбинација на кревет, подница, перници и душек. Се за здравиот сон може да прочитате во новиот каталог ПРИМА спиење.

Програмите за спиење на ПРИМА се дизајнирани и произведени со желба да ви овозможат полесно да го изразите вашиот личен стил и да ја истакнат вашата креативност при дизајнирање на најинтимниот простор од домот. Програмата Цвита ви нуди дури 24 различни елементи, чија комбинација овозможува да се исполнат сите просторни и естетски барања.

Современата програма Давос ви овозможува да го опремите целиот ентериер во ист дизајн, бои и материјали, додека истото можете да го постигнете во рустикален изглед со програмата на спални Луна.

 

Спалната соба од програмата Јулија ќе ги придобие сите љубители на ретро стил, а дополнителна придобивка е тоа што со своите префинети линии лесно ќе создадете топол и романтичен простор за одмор.

Box-spring креветите - Виго, Боно и Ото - од сопственото производство обезбедуваат врвна удобност при спиење. Дизајнот на овие кревети е спој од моќен визуелен изглед и висококвалитетни материјали, а резултатот е совршен кревет за најудобен сон.

За да го комплетирате изгледот на вашата спална соба со личен печат, погледнете ја и колекцијата на COCO maison, која е достапна единствено во салоните на ПРИМА во Скопје. COCO maison e холандска марка на декорации за дом која во својата програма опфаќа неколку сегменти, и тоа: украси за домот, украси за ѕидови, украсни перници, осветлување, теписи и мали парчиња мебел.

Доколку сте во потрага по пријатно амбиентално осветлување, ѕидни украси што ќе го истакнат заглавјето на креветот или пак барате украсни перници кои ќе внесат топлина и енергија во просторот, нашите стручни советници ќе ви помогнат при изборот, а инспрација може да пронајдете на нашите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм..

Ѕирнете во ПРИМА - светот на соништата и пронајдете го решението кое ви одговара - од комплетно опремени спални соби до одделни елементи кои ќе го претворат секој ваш ден во пријатен сон.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет