-
2.1.2024
- Novosti
Празниците се време за создавање незаборавни мигови
И во целата таа позитивна „збрка“, се разбира, сепак треба да најдеме место за себеси, во кое ќе ни биде најудобно да си ги средиме и конечно, да се посветиме на луѓето што најмногу ни значат.

Тоа е мигот во кој започнува празничната магија: тогаш кога сме собрани сите заедно, со чаша топол чај или варено вино (само за возрасните!), со топли плетени чорапи на нозете и мека облека на нас и со тргнати завеси на прозорците низ кои може да се видат најубавите снегулки што прават романтична бела покривка надвор...

Околу нас трепери придушена светлина на миризливите свеќи ставени на масичката на која не ги забораваме ни новогодишните украси... топлите ќебиња се префрлени на удобната софа, а нозете ставени на табуретот...

И додека од кујната веќе почнува да се шири мирисот на топлата погача што сами ја замесивме, започнуваме да ги раскажуваме приказните за она што ни било најважно во годината што изминува. И така несвесно, во нашата меморија ги вткајуваме миговите од празничната магија кои полека стануваат незаборавни спомени, на кои секогаш со радост ќе се навраќаме и за кои вреди да се живее.


Прима ужива во празниците заедно со вас...