Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

3,2,1... Одбројувањето само што започна! Само на 14.9 ве чека акција на нашиот webshop со 30 артикли по роденденски цени. Дознајте повеќе!

Само денес на webshop-от! 30 најдобри производи по роденденски цени! Кликнете сега!

Почитувани клиенти, во четврток, 1 мај 2025 година, салоните на Прима ќе бидат затворени, додека салонот на Прима во Битола во трговскиот центар Блис ќе биде отворен од 10 до 20 часот.

Кликни. Заштеди. Уживај. Kај нас Black Friday сеуште трае! Дознајте повеќе!

Спијте подобро уште денес, сè што ви треба е нов душек

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЖИВЕЕ ВО ВАШИОТ ДУШЕК?

Ако вашиот душек е стар повеќе од 7 години, веројатно не спиете само на него. Со текот на годините, тој станува плодна почва за прашина, грини, бактерии и нечистотија што можат сериозно да влијаат на вашето здравје и квалитетот на спиењето. Време е да се запрашате - дали спиете на душек или на колектор на алергени?

Освен што станува место за размножување на бактерии, душекот со текот на времето ја губи и својата функција. Доколку се присутни некои од предупредувачките знаци, време е за итна замена.

ШТО СЕ КРИЕ ВО ДУШЕК СТАР НАД 7 ГОДИНИ?

Искрено? Можеби е подобро да не знаете... Бидејќи вашето здравје ни е важно, сепак ќе ви ја кажеме вистината - дури и ако не е пријатна.

По 7 години употреба, или повеќе од 17.500 часа поминати на душек, тој е 11% потежок отколку кога сте го купиле поради сите супстанции што се акумулираат во него. Затоа душекот треба да се заменува на секои 7 години!

НЕМА КОМПРОМИС СО ЗДРАВЈЕТО!

Заменете го вашиот душек пред да биде предоцна! Нема компромис со вашето здравје. Освен што содржат прашина, грини и бактерии, старите душеци се непријатни и секојдневно му штетат на вашето здравје. Квалитетниот сон е клучен за обновување на вашето тело, зајакнување на вашиот имунитет, балансирање на хормоните и менталното здравје. Кога спиете лошо, вашето тело никогаш не се регенерира целосно, а последиците ги чувствувате секој ден. Дали знаете како спиењето на стар душек влијае на вашето здравје?

ВЕ ЧЕКА НОВ ДУШЕК!

Добриот душек е неопходен за квалитетен сон и дневна доза на енергија. Затоа дизајниравме нова, подобра, уште поудобна колекција на душеци кои обезбедуваат совршена потпора за телото, го подобруваат сонот и го зајакнуваат имунитетот.

Новата колекција содржи 17 модели на душеци - од оние со џебно јадро до модели со пенасто јадро во широк спектар на големини, за да одговараат на секој кревет.

Сите душеци се произведуваат во Хрватска, во фабриката на „Прима“ во Гарешнички Брестовац, користејќи материјали од врвен квалитет како што се плетени ткаенини Tencel и Aegis , памук, бамбус, латекс и сребрени јони за максимална прозрачност, хигиена и издржливост.

ОТКРИЈТЕ НОВО НИВО НА УДОБНОСТ

Душеците на Прима се познати по нивната отпорност, трајност и мекост, како и по многуте опции за избор, што ви овозможува да го пронајдете душекот што најмногу одговара на вашите навики за спиење во однос на цврстината и полнењето. Со добар сон, ќе бидете здрави секој ден! Затоа, изберете го душекот што најмногу ви одговара и започнете го денот полни со енергија!

 

КАКО СПИЕШ?

Дали знаевте дека една третина од нашиот живот го поминуваме спиејќи? Македонците спијат во просек по 7 часа и 1 минута секоја ноќ, што е во согласност со глобалниот просек. Жените спијат во просек 30 минути подолго од мажите, но имаат послаб квалитет на спиење и потешко заспиваат. Повеќе од 80% од луѓето веруваат дека душекот, креветот и постелнината директно влијаат на квалитетот на нивниот сон, а 94% од паровите кои се допираат додека спијат, спијат подобро и се посреќни во својата врска. Европејците претпочитаат да спијат на страна, со колена свиткани кон градите и раце склопени пред телото или под главата, и додека експертите препорачуваат користење на една перница за оптимална потпора на главата и вратот, повеќето луѓе претпочитаат да спијат со три перници.

 

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет