Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

3,2,1... Одбројувањето само што започна! Само на 14.9 ве чека акција на нашиот webshop со 30 артикли по роденденски цени. Дознајте повеќе!

Само денес на webshop-от! 30 најдобри производи по роденденски цени! Кликнете сега!

Почитувани клиенти, во четврток, 1 мај 2025 година, салоните на Прима ќе бидат затворени, додека салонот на Прима во Битола во трговскиот центар Блис ќе биде отворен од 10 до 20 часот.

Кликни. Заштеди. Уживај. Kај нас Black Friday сеуште трае! Дознајте повеќе!

6 совети за комбинирање на столици со маса

Столовите се повеќе од само убав додаток на масата - тие се клучот за удобност, добро расположение на масата и здраво држење на телото. Ако се лошо избрани, тие можат да го расипат целото јадење - и естетски и функционално. Затоа донесуваме 6 совети како да составите комбинација од масa и столици кои изгледаат одлично, функционираат совршено, обезбедуваат удобност и во исто време го штитат вашето здравје.

 

1. ПОЧНЕТЕ ОД МАСАТА

Масата е централен дел на секоја трпезарија, па затоа треба да започнете од таму. Определете дали сакате фиксна или маса со развлекување, која форма најмногу одговара на просторот и во каков стил сакате да го декорирате вашиот ентериер. Кога го знаете ова, полесно ќе изберете столчиња што одговараат по форма, висина и дизајн.

2. ВНИМАВАЈТЕ НА ВИСИНАТА И УДОБНОСТА

Стандардната висина на масата е околу 75 cm, а седиштето на столчето треба да биде на висина од 48 до 52 cm - за да се остави доволно простор за нозете и да се олесни седењето. Ако поминувате многу време на биро, изберете столици со тапацирани седишта и потпирачи за грб и ергономски дизајн што го поддржуваат телото.

3. УСКЛАДЕТЕ ГИ МАТЕРИЈАЛИТЕ

За хармоничен изглед на просторот, важно е материјалите на столовите и масата да се поврзани. Доколку масата е од масивен даб, изберете столчиња со дрвени ногарки во ист финиш кои ќе ја истакнат природната топлина на просторот. Ако имате маса со метална основа со црн или финиш од нерѓосувачки челик , столчињата со метални ногарки во иста боја се одличен избор - ова ќе му даде на просторот впечаток на софистицираност и стилска заобленост.

 

4. КОМБИНИРАЈТЕ БОИ СО ВКУС

Тапацираните столчиња ви даваат слобода да внесете боја и текстура во просторот. Еве неколку предлози како да ги усогласите со различни декори на маса.

Можете да си играте со контрасти или да останете во истата тонска палета, важно е се да изгледа добро обмислено.

 

5. НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ОД МЕШАЊЕТО НА СТИЛОВИ

Масата и столовите не мора да бидат од ист сет - слободно комбинирајте различни стилови и материјали. Дрвена маса и кадифени столчиња? Плоча со нијанса на керамика покрај столици со метални ногарки? Апсолутно! Само погрижете се да повторите барем еден детал – како текстурата, бојата на рамката или обликот на ногарите – за да го одржите просторот визуелно поврзан.

6. ДОДАДЕТЕ „WOW“ МОМЕНТ

Нека доминира едно парче. Ако имате едноставна маса, во фокус нека бидат столовите – интересни бои, текстури или форми. Ако масата со камен детал - столчињата нека бидат попристојни, во неутрални тонови. Рамнотежата е клучот за добар дизајн.

 

Дали барате совршена комбинација на маса и столици?

Посетете го најблискиот салон на Прима или истражете ја понудата на веб-продавницата - бидејќи кога ќе ја пронајдете вистинската комбинација, дружењата на маса стануваат уште попријатни.

При изборот на столици, имајте ги на ум овие 3 практични трикови:

·        Пробајте пред да купите

Во салонот, задолжително седнете на маса – проверете ја висината, длабочината и удобноста на столот и како „се вклопува“ под масата. Ако столот изгледа одлично, мора да функционира уште подобро.

·        Потпирачи за раце за стил и удобност

Ако трпезариската маса не ја користите само за оброци, туку и седите на неа неколку часа, изберете столчиња со потпирачи за раце бидејќи тие даваат поголема поддршка и удобност. Покрај тоа што се ергономски дизајнирани, тие се истакнуваат и визуелно, па се идеални за на чело на масата, додека од страна можете да комбинирате класични столчиња без потпирачи за раце .

·        Столици со вртење за поголема удобност

Трпезариските столчиња со механизам за вртење го олеснуваат седнувањето и станувањето без поместување на столот. Ова е одлично решение за секојдневна употреба, особено во помали простори, бидејќи овие столчиња заштедуваат простор и го зголемуваат нивото на удобност.

 

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет