Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

3,2,1... Одбројувањето само што започна! Само на 14.9 ве чека акција на нашиот webshop со 30 артикли по роденденски цени. Дознајте повеќе!

Само денес на webshop-от! 30 најдобри производи по роденденски цени! Кликнете сега!

Почитувани клиенти, во четврток, 1 мај 2025 година, салоните на Прима ќе бидат затворени, додека салонот на Прима во Битола во трговскиот центар Блис ќе биде отворен од 10 до 20 часот.

Кликни. Заштеди. Уживај. Kај нас Black Friday сеуште трае! Дознајте повеќе!

Како да ја изберете вистинската форма и големина на масата?

Трпезариската маса не е само место за оброци - таа е центар на дружење, собири и моменти за паметење. Изборот на трпезариска маса не зависи само од изгледот. Треба да се земат предвид големината на просторот, бројот на членовите на домаќинството, зачестеноста на собири и начинот на живот. Од пространи куќи до компактни станови, постои идеална маса за секоја животна ситуација. Еве како да го најдете!

 

КОГА ГО ОПРЕМУВАТЕ ВАШИОТ ПРВ СТАН

Конечно се одселивте и станавте независни! Имате слобода, но и куп одлуки. Сè мора да биде практично, модерно и, се разбира, фотогенично. Затоа изберете фиксна правоаголна маса за 4 лица која лесно се става настрана кога ви треба повеќе простор за игри или тренинг. Само турнете ја до ѕидот и спремни сте. Не зазема премногу простор, изгледа модерно и покрива сè – од утринско кафе до вечерните битки со екипата.

 

КОГА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО СЕДИ НА МАСА

Големо семејство, неделни ручеци, родендени и спонтани дружења? Вашата маса мора да биде подготвена за се. Идеално решение за вас е фиксна овална или елипсовидна маса за 8 до 10 луѓе. Овие форми овозможуваат повеќе простор без да се чувствувате тесно, додека заоблените агли го олеснуваат движењето околу масата и спречуваат удари, што е особено корисно кога има многу луѓе во просторот и кога имате деца.

 

КОГА АПАРТМАНОТ ВРЕДИ ЗА СЕКОЈА ЅВЕЗДА

Гостите сакаат повеќе од само сместување - тие бараат удобност, естетика и функционалност, а деталите се тие што ја прават разликата. При опремување на стан за изнајмување се мора да биде паметно - од изглед до функционалност, со лесно одржување кое заштедува време. За стан изберете фиксна тркалезна или помала правоаголна маса за 4 до 6 лица. Освен што лесно се вклопуваат во различни ентериери, овие маси веднаш создаваат домашно чувство и покануваат за дружење. Бидејќи гостите можеби не се сеќаваат на секој детал, но се сеќаваат на добрата атмосфера.

 

КОГА СЕКОЈ СЕНТИМЕТАР ВРЕДИ ЗЛАТО

Семејство во помал стан, можеби дури и гарсоњера со распоред на отворен простор? Трпезата треба да ви служи за се – од брзи оброци и домашни задачи на децата до дружење со пријателите, но не треба да ви пречи кога не е во употреба. Затоа, правоаголната маса со пуштање за 4 до 6 лица е совршена - практична, функционална и таму секогаш кога ви е потребна.

 

КОГА ВИКЕНДИЦАТА Е НАПРАВЕНА ЗА ДРУЖЕЊЕ

Во викендичката ништо не мора, а се е можно. Ова е местото каде што луѓето се дружат, прават скара, пијат кафе во мир и уживаат во секој залак - со својот тим или во пижами. Мебелот треба да одговара на таа атмосфера. Затоа изберете фиксна или маса со пуштање, правоаголна или тркалезна, за 4 до 6 лица. Доволно е пространа за друштвени собири, а сепак практична и лесен за одржување. Затоа што викендот е за гозба, а не за бришење трошки.

 

КОГА СТАНОТ Е УРЕДЕН СО МНОГУ СТИЛ

Го купивте вашиот стан и сега доаѓа најдобриот дел - како секој агол да ја раскаже вашата приказна? Декорацијата е внимателно испланирана, секој детал е на своето место, а естетиката ви е исто толку важна како и функционалноста. Затоа модерна фиксна тркалезна маса за 4 до 6 лица е идеалниот избор за вас. Кружниот облик внесува мекост и топлина во просторот, лесно се вклопува и не зафаќа премногу простор, а сепак е совршен за заеднички оброци, кафе и дружење за двајца - или четворица.

 

Сега кога знаете која маса најмногу одговара на вашиот животен стил - време е да изберете! Посетете го најблискиот салон на Прима или истражете ја понудата на веб-продавницата и пронајдете ја вашата маса за сите ваши важни моменти.

Дали сте заинтересирани за маси од нашата нова колекција, но не знаете како да ги изберете димензиите? Без грижи! 


При изборот на трпезариска маса, клучно е да се земе предвид бројот на луѓе кои секојдневно ќе ја користат, како и зачестеноста на дружење или поголеми дружења. Еве неколку насоки:

 

Ако често имате гости, размислете за маса што можат да се развлечат и кои лесно се прилагодуваат на ситуацијата - тие заштедуваат простор кога се склопени и обезбедуваат повеќе места за седење кога е потребно.

 

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет