
Не грижете се и купете кујна во салоните на Прима! Ние сме експерти за кујни и ги исполнуваме сите ваши желби. Во нашите салони ви нудиме комплетно решение со клуч на рака!
Можете да ги надополните вашите модерни кујни по мерка и практични блок кујни со атрактивни додатоци како осветлување и паметни решенија за селектирање отпад. Можете да ја опремите вашата кујна со сите потребни апарати со врвни перформанси, мијалник и славина од широкиот асортиман. Дури пронајдете и кујнски додатоци и украси кои одговараат на секој стил.

Вие само уживајте, а ние ќе се погрижиме за се останато! Од консултации до финална монтажа, нашите експерти се со вас на секој чекор од патот.
Замислете ја кујната во вашиот дом со 3Д визуелизација
Откако ќе го изберете моделот, составот и сите детали, со помош на експертот за кујни креирајте 3Д визуелизација на вашата нова кујна. Оваа технологија ви овозможува однапред да го видите изгледот на вашата кујна и да испробате различни распореди, бои и материјали. На овој начин лесно ќе ја најдете совршената комбинација за вашиот простор.

Ќе го измериме секој агол од просторот така што кујната ќе одговара до милиметар.
Не треба да се грижите за точните димензии, плановите, инсталациите, цртежите... Нашиот експерт за техничка поддршка доаѓа во вашиот дом за бесплатно да го измери просторот и да ги провери позициите на водата и струјата. Бидејќи без точни мерења, не може да има кујна по мерка.

Вашата адреса е нашата дестинација.
Со доставата на Прима, вашата нова кујна пристигнува директно до вашиот праг – каде и да е. Не треба да се грижите за логистика или за наоѓање превоз, бидејќи штом кујната ќе биде готова во фабриката, нашиот професионален тим на возачи за достава го симнува тој товар од вашите рамена. Без разлика каде се наоѓате, сметајте на сигурна и навремена достава, па дури можете да изберете достава во друг град. На пример, ако сте во салон во Скопје и купувате кујна за викенд куќа во Охрид.

Монтажата е најбрза кога е препуштена на професионалци.
Ние се грижиме за безбедно ракување и транспорт на вашата кујна. Ние внимателно го пакуваме и доставуваме секој дел до вашиот дом, а нашите професионални и искусни доставувачи за испорака внимателно маневрираат за да ја заштитат кујната од оштетување при товарење, транспорт и истовар. А за вашата кујна да блесне во полн сјај, покрај достава до вашиот дом, можете да изберете и професионална монтажа. Не само што ви заштедуваат време, нашите професионални монтери ќе се погрижат сè да биде совршено монтирано и функционално.

Квалитет со гаранција кој трае со години
Секоја кујна по мерка е хрватски производ базиран на 30-годишна традиција во производство и продажба на кујни по мерка и повеќе од 5 милиони задоволни купувачи. Секоја кујна по мерка е специјално ремек дело создадено само за вас и доаѓа со 5+2 години гаранција за дрвениот дел од кујната, 10 години гаранција за оковот на Блум и 5 години гаранција за оковот на Титус.

Нашата грижа не престанува со монтажата на кујна. Нам ни е важно да сте задоволни од кујната и се да функционира како што сте замислиле. Затоа при купување кујна по мерка, можете да договорите дополнителна гаранција и сервисирање на вашата кујна.
Нова кујна? Клуч на рака, уживајте!