Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

3,2,1... Одбројувањето само што започна! Само на 14.9 ве чека акција на нашиот webshop со 30 артикли по роденденски цени. Дознајте повеќе!

Само денес на webshop-от! 30 најдобри производи по роденденски цени! Кликнете сега!

Почитувани клиенти, во четврток, 1 мај 2025 година, салоните на Прима ќе бидат затворени, додека салонот на Прима во Битола во трговскиот центар Блис ќе биде отворен од 10 до 20 часот.

Кликни. Заштеди. Уживај. Kај нас Black Friday сеуште трае! Дознајте повеќе!

Како да го изберете вистинскиот кревет за вас

Барате совршен кревет, но не знаете од каде да почнете? Не грижете се! Ние одговараме на најважните прашања за секој тип кревет за да ви помогнеме да одлучите кој е идеален за вас.

 

 

1. Што е боксспринг кревет и кои се неговите предности?

Боксспринг креветот се состои од три слоја: долна основа што служи како простор за складирање, фиксна основа со пружини со Бонел јадро и душек што не е фиксиран за креветот. Популарен е поради својата висина, луксузен изглед и врвна удобност. Во повеќето случаи, се испорачува со душек.

2. Зошто да изберете Боксспринг кревет?

Благодарение на неговата слоевитост и еластичност, тој обезбедува одлична потпора за телото, го ублажува притисокот и го подобрува квалитетот на спиењето. Душекот е одделен од креветот и затоа лесно се заменува.

3. За кого е наменет Боксспринг креветот?

Совршен е за оние кои сакаат луксузно „хотелско“ искуство дома, за постари лица поради неговата изразена висина и за парови кои бараат удобност и изолација од движење.

4. За кои навики на спиење боксспринг креветот е најдобар избор?

Одлично е за оние кои спијат на страна или на грб, за секој што има проблеми со 'рчење бидејќи помага во одржување на поправилна положба на телото, но и за секој што често се превртува.

5. Како боксспринг креветот придонесува за изгледот и атмосферата на спалната соба?

Боксспринг креветот, со својот елегантен, слоевит дизајн и импресивна висина, внесува чувство на луксуз и софистицираност. Визуелно го воздигнува просторот и му дава чувство на хотелска удобност, создавајќи спална соба во која ќе уживате дури и кога не ви се спие.


1. Што е француски кревет и кои се неговите предности?

Секој француски кревет има душек кој е веќе интегриран во креветот, а под него има голем простор за складирање. Јадрото на душекот кај француските кревети е претежно направено од Бонел Јадро, посебно поради неговата издржливост и пропустливост на воздух. Мултифункционалноста на француските кревети е најголемата предност бидејќи во еден добивате удобен кревет и простор за складирање достоен за мал плакар.

2. Зошто да изберете француски кревет?

Ви обезбедува идеална рамнотежа помеѓу удобност и заштеда на простор. Полесно е за одржување, a прифатливо по цена и одлично е за секојдневна употреба.

3. За кого е наменет францускиот кревет?

Идеален е за млади парови, за оние кои живеат во помали станови и за секој на кого му е потребен дополнителен простор за складирање без да се прави компромис со удобноста. Изберете го за опремување на вашиот стан за да додадете допир на луксуз.

4. За кои навики на спиење е најдобар избор францускиот кревет?

Погоден е за сите положби на спиење, особено за оние кои претпочитаат поцврста потпора. Дише, па затоа е добар избор за оние кои се потат во текот на ноќта.

5. Како францускиот кревет придонесува за изгледот и атмосферата на спалната соба?

Француските кревети, со својот компактен, но цврст дизајн и тапацирани детали, внесуваат чувство на ред, удобност и топлина во просторијата за спиење. Нивниот минималистички изглед лесно се вклопува во различни стилови на ентериер, од модерен до класичен, а во исто време, не ја пренатрупуваат просторијата, туку создаваат дополнителен простор за складирање.

  1. Француски кревет, Кети
    Најниско 30.122 ден. Редовна цена 46.342 ден.
  2. Француски кревет, Лина 2
    Најниско 25.474 ден. Редовна цена 42.456 ден.
  3. Француски кревет, Тина 2
    Најниско 29.719 ден. Редовна цена 53.070 ден.
  4. Француски кревет, Римини
    Најниско 42.186 ден. Редовна цена 70.309 ден.

1. Што е тапациран кревет и кои се неговите предности?

Тапацираниот кревет има мека рамка и наслон, покриени со еластична пена и меки ткаенини. Често доаѓа со подигната основа и простор за складирање, а душекот обично се купува одделно.

2. Зошто да изберете тапациран кревет?

Освен што обезбедува удобност и топлина во просторот, нуди и функционалност преку дополнителен простор за складирање. Често е со понизок дизајн, не е прикачен на душекот, што ви овозможува да го изберете оној што најмногу ќе ви одговара, без оглед на креветот.

3. За кого е наменет тапацираниот кревет?

Одличен избор е за секој што сака луксузен амбиент во својата спална соба, идеален е и за семејства со деца поради неговата мекост и заоблени рабови, за секој што има добар душек и само му е потребен модерен кревет, како и за секој што има ограничен простор за складирање во својот дом. Исто така е добар избор за опремување станови.

4. За кои навики на спиење е најдобар избор тапациран кревет?

Ако сакате да се потпрете додека читате или гледате телевизија, тапациран кревет со меко узглавје ќе ве направи среќни, а е и добар избор за луѓе кои сакаат поголема слобода на движење во креветот.

5. Како тапацираниот кревет придонесува за изгледот и атмосферата на спалната соба?

Тапацираниот кревет внесува чувство на мекост, топлина и елеганција во просторот. Материјалот и бојата дополнително го нагласуваат стилот на собата, а тапацираниот кревет станува декоративен, но функционален детаљ што го прави креветот визуелно полуксузен и поудобен.


1. Што е дрвен кревет и кои се неговите предности?

Дрвениот кревет има цврста конструкција изработена од масивно дрво, МДФ или иверица и може да се комбинира со разни видови летвички и душеци.

2. Зошто да изберете дрвен кревет?

Долготраен е, стабилен и естетски прилагодлив на секој стил на декорирање. Одлично за љубителите на природни материјали.

3. За кого е наменет дрвениот кревет?

Тоа е најдобриот избор за млади луѓе во нивниот прв имот и за секој што сака класичен, издржлив мебел. Практичен е за опремување станови.

4. За кои навики на спиење е најдобар избор дрвениот кревет?

Благодарение на својата стабилност и можноста за комбинирање на основата и душекот, тој е прилагодлив на сите положби на спиење.

5. Како дрвениот кревет придонесува за изгледот и атмосферата на спалната соба?

Дрвениот кревет внесува природна топлина и чувство на смиреност во просторот. Поради нивната текстура и едноставен дизајн, тие лесно се вклопуваат во различни стилови на ентериер, а воедно ѝ даваат на просторијата впечаток на природна топлина, елеганција и сигурност. Во спалната соба, се препорачува да се усогласат боите на дрвениот декор, креветот, гардероберот и ноќните масички, така што просторот ќе изгледа хармоничен и заоблен.

  1. Лебдечки кревет,Цвита
    Најниско 18.270 ден. Редовна цена 30.450 ден.
  2. Дрвен кревет , Матеа
    Најниско 11.883 ден. Редовна цена 18.281 ден.

1. Што е метален кревет и кои се неговите предности?

Металниот кревет има цврста и елегантна метална рамка која е издржлива и отпорна на абење.

2. Зошто да изберете метален кревет?

Освен што е лесен за склопување, металниот кревет е прифатливо решение кое лесно се вклопува со другиот мебел во собата.

3. За кого е наменет металниот кревет?

Најдобро се вклопува во соби за млади луѓе, тоа е практичен избор за станари, куќички и секој што сака класичен кревет.

4. За кои навики на спиење е најдобар избор металниот кревет?

Функционален е за сите положби на спиење, но се препорачува да се комбинира со квалитетна подница и душек за повисоко ниво на удобност.

5. Како металниот кревет придонесува за изгледот и атмосферата на спалната соба?

Металниот кревет внесува чувство на леснотија и едноставност во просторот. Најчесто се испорачува во црна или бела метална боја, што го прави исклучително лесен за комбинирање - се комбинира со мебел од која било боја и материјал. Одлично се комбинира со неутрални тонови и природни декори, но и со шарени, весели комбинации идеални за соби за млади луѓе.

Откријте ја новата линија на модуларни кревети

 

Започнете со модерно узглавје на креветот, а потоа изберете ја варијантата на креветот што ви одговара. Боксспринг кревет  со фиоки или простор за складирање, француски или кревет со подница, со или без душек – сè е можно! Узглавјето на кревеот Бари со вертикални штепови поттикнува динамика во просторот, узглавјето на креветот Песаро со квадратни детали зрачи со едноставност, додека узглавјето на креветот Римини има дијамантски штепови што додава луксуз.

 

„Со новата генерација кревети од Бари, Песаро и Римини, нивото на персонализација оди чекор понатаму - не ја избирате само бојата на материјалот, туку и обликот наузглавјето  и самиот тип на кревет, што диктира удобност и функционалност. Креветот повеќе не е готов производ, туку ние го дизајнираме само за вас, според вашите желби и потреби“, рече Вид Палалиќ, инженер за дрвна технологија во новиот оддел за развој на производи на Прима .

 

Конечно наспијте се! Не чекајте, испланирајте го вашиот кревет по мерка денес во најблискиот салон на Прима .

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет