-
10.6.2025
Големо отворање на Најголемиот Салон за Мебел во Македонија

Со големо задоволство Ве покануваме на отворањето на најголемиот салон за мебел во Македонија, новата омилена дестинација за љубителите на стилот, функционалноста и добриот ентериер. Салонот се наоѓа во Retail Park Mall Godi, на ул. Перо Наков бр. 108, Гази Баба – Скопје. Четврток 12 јуни е денот кога Прима ги отвора вратите на новиот простор и Ве поканува да бидете дел од атмосферата исполнета со инспирација, изненадувања и мали гестови на добредојде.
Додека разгледувате, ќе уживате во пријатна атмосфера со закуски подготвени од шеф Марк де Јонг специјално за оваа пригода. А за првите 100 купувачи, подготвивме ваучер од 3.000 денари за следно
купување. Дополнително, првите 50 посетители ќе добијат подарок ваучер од 3.000 денари.
Во салонот ќе откриете и осум внимателно селектирани парчиња мебел од нашиот леток кои по повод отворањето на салонот се на попуст и до 70 %. Ќе ве пречека современа кујна со остров, создадена за моментите кога готвењето станува уметност. Ќе се заљубите во топлата трпезарија, совршена за семејни собири и вечери со пријателите. Ќе посакате да се одморите веднаш на елегантната аголна гарнитура, совршено вклопена во секоја модерна дневна соба. Тука е и практичен орман со лизгачки врати и огледала, кој додава и стил и простор. Ќе ве инспирира и удобниот кревет со вградено складирање, совршен за оние кои сакаат организираност и комфор. За најмладите, подготвивме целосно уредена детска соба со креативно работно катче каде играта и учењето се во идеален баланс.
Во летокот посветен на ова отворање, ќе можете да ги видите сите изложени парчиња и да изберете она што најмногу одговара на вашиот стил и простор. Дојдете, погледнете, инспирирајте се. Бидете дел од овој посебен ден и започнете ново поглавје во уредувањето на вашиот дом со Прима. Ве очекуваме!