Пронајдете инспирација во новиот каталог Прима ентериери 2023.

Како најголем хрватски производител на мебел, со сопствен дизајн и производство, како и 28-годишна традиција, Прима е природен избор за секој кој сака да ужива во висококвалитетен и естетски беспрекорен мебел кој е основа на вашето секојдневие и природен дел на секој дом.

Постојано бараме нови, подобри и покреативни решенија. Во производството на висококвалитетен мебел се потпираме на најквалитетни домашни суровини, а нашите програми за мебел се секогаш ускладени со истиот стил, материјали, декори и бои. Тие природно се вклопуваат во секој дом и се согласуваат со секој стил на внатрешен дизајн, а со цел да го направат вашиот дом од соништата реалност, на располагање ви стојат стручни и посветени дизајнери на ентериер кои работат во Прима Мебел.

 

Прима ентериери 2023 година.

 

За да можете да најдете креативна инспирација и да добиете јасен увид во богатата понуда на Прима мебел, за комплетно уредување на ентериерот, создадовме нов каталог на ентериери на Прима за 2023 година:

 

 

 

 

Во најлуксузното издание на Прима ентериер, кое опфаќа дури 320 страници, фокусот е ставен на мебелот кој го збогатува секојдневието, кој е природен дел од домот. Нашиот годишен каталог веќе има облик на софистицирано списание на кое секогаш можете да се навратите доколку сакате да прочитате детални совети, интервјуа и детали за понудите на Прима Мебел.

 

 

- Ви претставуваме уште подобар и помодерен мебел кој е резултат на соработката на нашите 2.000 вработени. Тие успеаја да ја доловат и обликуваат природата за да можете да ја внесете во вашиот дом. Се надеваме дека нашите атрактивни ентериери од страниците на каталогот ќе ве инспирираат да го подигнете вашиот дом на повисоко ниво и да го усогласите со вашите потреби и желби - изјави Ренато Радиќ, сопственик и директор на Прима Груп, кој за 28 години, малиот семеен бизнис го претвори во успешен деловен систем, водечки на домашниот пазар на мебел.

 

 

Сакаме да ви помогнеме да го пронајдете вашиот стил, да ја изразите вашата личност со дизајнот на ентериерот и да создадете дом кој ќе биде ваше безбедно и удобно засолниште.

Сигурни сме дека на секој од вас можеме да му го понудиме најдоброто решение за секој ентериер, без разлика дали е приватен или деловен и да ве воодушевиме со нашата богата и незаменлива понуда.

 

Дозволете новото издание на каталогот за ентериер на Прима да ве инспирира, развесели и опушти!

 

 

Разгледајте го каталогот Прима ентериери 2023 на нашата веб-страница!

 

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет