Пет грешки што несвесно ги правиме при уредувањето на ентериерот

Многумина од нас се гордеат со своите домови и не е чудно што сакаат да го прошетаат секој гостин да го разгледа просторот очекувајќи да се восхити од она што ќе го види. Мнозинството сака да поседува свој дом и затоа желбата да создадеме простор во кој ќе ни биде пријатно да се престојува и кој ќе ги одразува нашите навики и желби, не е ништо ново. Но во ова време на Инстаграм и инфлунсери, на Пинтерест и други инспиративни апликации, границите меѓу вештината и стручноста на дизајнерите на ентериерот, како и ентузијастите кои се заљубиле во тој свет стануваат некако замаглени.

 

 

Апетитот за софистициран ентериер и корисни совети и трикови за уредување на домот расте секоја година, исто како и побарувачката за квалитетен мебел и декор. Особено голем бум се случи за време на пандемијата со КОВИД, кога луѓето почнаа повеќе да го ценат ентериерот затоа што беа принудени да поминуваат повеќе дома. Сето ова доведе до поголем интерес за уредување на простор каде што ќе можат да уживаат и да се релаксираат.

 

Сам свој дизајнер на ентериер 

Дизајнерскиот тим на Прима ја препозна желбата сите да учествуваат во дизајнот на ентериерот постигнувајќи уникатен и препознатлив стил на внатрешниот дизајн исполнувајќи ја оваа желба со богати програми на модуларен мебел. Благодарение на таквиот мебел, секој може да создаде свој простор и да стане дизајнер на просторот во кој живее. 

Во Прима можете да најдете модуларни кујни, но и модуларни софи како Матија, Оливер или Катанија, кои се идеални за дневни соби и се прилагодени на вашите потреби. Различните модули или елементи го обезбедуваат луксузот да ја изразите сопствената креативност и ви помагаат да создадете совршен дом. Со висококвалитетен и естетски атрактивен мебел, уредувањето на комплетниот ентериер на прв поглед изгледа како лесна задача, но кога ќе дојде до распоредување на нашите идеи во четири ѕида, честопати тоа не изгледа толку добро. Доколку немате око за внатрешен дизајн, големи се шансите да направите една од овие пет грешки при уредувањето на вашиот дом:

 

1.     Непрецизно мерење на просторот и несоодветна комбинација на различни величини

 

Купувањето мебел без детално мерење на просторот е често првиот предизвик со кој се соочуваме при уредувањето на ентериерот. Или мебелот не може да помине низ вратата, или е преголем и го прави просторот клаустрофобичен, или е толку мал што се „губи“ во околината. Најидеална би била мешавината од висини, тесктури и естетика кои природно се спојуваат и си одговараат едни на други, како фотелјата Виктор во комбинација со табуретка која совршено се сложува со креветите на извлекување Наполеон или Локрум. Врвната изработка, модерниот  дизајн со класични детали во нежни пастелни бои се одлики по кои Прима, најголемиот хрватски производител на мебел веќе 25 години, е толку позната.    

 

 

2.     Почеток на декорација со бојосување на ѕидовите

 

Повеќето од нас почнуваат да го уредуваат домот одбирајќи бои за ѕидовите, но дизајнерите знаат дека сѐ треба да започне со купување мебел и избор на ткаенини. Поважни се одлуките при купувањето софи, фотелји, теписи, завеси и столови затоа што потоа е многу полесно да се избере бојата на ѕидовите што ќе ги надополни или ќе биде во контраст со остатокот од мебелот

 

 

3.     Претеран максимализам

 

Тешко е да им се одолее на трендовите кои го обликуваат нашиот вкус. Не е необично да сакате цветен принт, бохо детали, животински принтови или медитерански, односно индустриски стил во исто време... Сепак, тешко e, а понекогаш и невозможно сето ова да се спои во една софистицирана и мирна целина, затоа што резултатот од тоа обично е агресивен и збунет простор.

 

 

4.     Неправилно поставени уметнички дела

 

Правилно поставените уметнички дела на ѕидот ефективно го надополнуваат просторот, но тоа не е секогаш случај. Честопати можеме да видиме слики поставени премногу високо за да се постигне поимпресивен впечаток, но тоа е погрешно бидејќи сликите треба да бидат поставени на ниво на очите за вистински да се ужива во нив. Дури и случајно поставување на една слика во средината на ѕидот, без добро осмислена шема, нема да се додворува на внатрешноста бидејќи ќе изгледа статично и неинтересно. Затоа е подобро е да се комбинираат неколку различни уметнички дела, како што се пет импресионистички слики или, алтернативно, две ефективни фотографии од пампаси кои можете да ги најдете како дел од колекцијата за декорација на домот COCO maison, ексклузивно достапна во салоните на Прима. 

 

 

5.     Избор на естетика наместо удобност

При изборот на кревет, кауч, фотелја или стол, клучното правило е да ги пробате. Секој дизајнер знае дека идеалното парче мебел се карактеризира со квалитет, атрактивен изглед и удобност, а доколку недостасува нешто од ова, тогаш е подобро да продолжите со потрагата. Во салоните на Прима тешко дека ќе погрешите бидејќи при изработката на овој хрватски мебел се користат материјали со врвен квалитет кои придонесуваат за издржливоста на производот. Секое парче мебел подеднакво се издвојува по својот квалитет и дизајн, додека функционалноста и удобноста се бескомпромисни карактеристики на кои инсистира Прима.

 

 

Зошто е добро да ангажирате професионален дизајнер на ентериер?

 

Дизајнот на ентериер претставува вешта комбинација на елементи кои се надополнуваат еден со друг. Сепак, не секој од нас има чувство за дизајн и тоа е во ред бидејќи има експерти на кои секогаш можеме да им се обратиме за помош. Дизајнерите на ентериер имаат остро и образувано око и разбираат како бојата, осветлувањето, големината и распоредот на мебелот и декорациите влијаат на целосниот впечаток на просторот.Затоа, ангажирањето дизајнер всушност може да ви помогне да избегнете грешки. Тоа не само што ќе го извлече максимумот од вашиот ентериер и ќе ви заштеди пари што инаку би ги потрошиле на вашите сопствени лоши одлуки за дизајн, туку и ќе ја зголеми вредноста на вашиот дом.

 

 

Декораторите и дизајнерите какви што ги знаеме денес не постоеле пред 20 век. Порано се подразбирало дека секој сам ќе си го украси домот, освен ако не си од кралско семејство. Но сите кои сè уште веруваат дека дизајнерите украсуваат само луксузни ентериери, живеат во заблуда.Професионалните дизајнери имаат моќ да ги трансформираат животите на луѓето преку правилен дизајн на просторот. Прима е модерен бренд кој верува дека секој има право на удобен и хармоничен дом кој ќе обезбеди софистицирано прибежиште во секое време, далеку од сите грижи на надворешниот свет и што е пријатно место за одмор и задоволство. Затоа ние во салоните на Прима развивме нова услуга - внатрешен дизајн.

 

 

Што нуди услугата за внатрешен дизајн во салоните Прима?

Тоа е процес кој е целосно прилагоден на индивидуалните потреби и визии на нашите клиенти. Во понудата можете да го најдете идеалното решение за секој ентериер, без разлика на стилот и дизајнот на домот, големината на буџетот и квадратурата што ја имате на располагање.

 

 

Нашите дизајнери на ентериер целосно ќе се посветат на вашите потреби и желби, ќе ја пренесат вашата визија за ентериерот во идејно решение, а потоа ќе создадат дом прилагоден на вашите потреби. Сè започнува со договарање на услугата,  по што следува мерење на просторот и консултации во однос на изборот на боите на ѕидовите и подовите, рендерирање и украсување, односно создавање на индивидуално идејно решение за уредувањето на просторот.

 

 

Потоа следува период за реализација на целиот проект – од нарачка, преку надзор на испораката, па сѐ до монтажа и декорација. 

 

 

Како да нарачате внатрешен дизајн за вашиот дом? 

 

Цената на услугата е 250 ден/м2 простор и е многу лесно да се нарача. Имено, доколку сте заинтересирани за услугата, контактирајте нѐ преку е-маил адресата: web@prima-mebel.mk или пополнете ја контакт-формата избирајќи ја услугата за внатрешен дизајн во паѓачкото мени. Опишете го накратко просторот кој би сакале да се дизајнира (намена, квадратура, специфики итн.), наведувајќи го најблискиот салон на Прима каде што ќе се одржи состанокот.Кога ќе го посетите најблискиот салон на Прима кој ја обезбедува оваа услуга, избраниот дизајнер на ентериер ќе го преземе вашиот проект и ќе ве запознае со сите следни чекори на услугата. Од тој момент, дизајнерот на ентериер е вашиот главен и единствен контакт во реализацијата на целиот проект. Консултациите во нашата канцеларија се неопходни за да ве водиме низ нашата богата понуда на мебел и декорации и со ваше водство да го создадеме најдоброто идејно решение за ентериерот. Дознајте повеќе за секој чекор од услугата за внатрешен дизајн на следниот линк: https://www.prima-mebel.mk/blog/nova-usluga-dizajn-na-enterier-vo-salonite-na-prima/      

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет