НОВ САЛОН ЗА УБАВ ДОМ!

Прима мебел, најголемиот произведувач на мебел во регионов, по 10 годишно присуство, ја збогатува својата широка мрежа на салони и на 24.7.2020 година го отвора најновиот салон за мебел во Скопје, во населба Чаир.

Прима мебел во својата колекција дизајнирана и произведена во Хрватска, нуди современ дизајн, врвен квалитет базиран на внимателно одбрани природни материјали, функционалност, како и висока естетика и трајност. Посебно внимание предизвикуваат креативните решенија од програмата на модуларниот мебел, како тапацираните гарнитури. Со модерен и практичен изглед се одликуваат и програмите на претсобја, мебелот за бањи и програмите на спални соби. Посебно внимание привлекуваат кујните со нивните модерни линии и врвни материјали и изработка.

Но освен мебел за опремување на целиот дом, овој пат Прима го претставува извонредниот асортиман на декорации од холандскиот произведувач Коко мезон (COCO maison), чијшто дизајн идеално одговара на дизајните на Прима.

По повод отворањето на новиот салон, Прима ги чести своите потрошувачи со голем број извонредни попусти: 30 % на целокупниот асортиман, 35 % на регалите и клуб-масичките, 35 % на тапацираните кревети и душеци и дури 50 % попуст на кујните по мерка.

Прима, штеди за семејството.

Ве очекуваме! 

 

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет